Македонските мали и средни претпријатија во наредните две години ќе можат да искористат донација од околу милион евра преку ИПА-програмата на Европската унија за консултантски услуги за да ги подобрат нивните перформанси и да станат поконкурентни на пазарот. Тоа ќе го овозможи проектот "Имплементација на БАС-програмата" финансиран од ЕУ, а наменет за поддршка на македонските приватни претпријатија со домашен капитал со најмногу 250 вработени од сите сектори со исклучок на банкарството, финансиските услуги, наменското воено производство, игри на среќа и тутунската индустрија. Проектот предвидува до март 2013 година да се финансираат 96 советодавни проекти што ќе ги спроведат локални консултанти со микро, мали и средни претпријатија, како и да организира дополнителни активности за развој на пазарот. Имавме прилика да презентираме еден нов проект за поддршка на бизнисот во РМ со средства од ИПА-фондовите на ЕУ заедно со ЕБОР во износ од околу милион евра.
Македонските мали и средни претпријатија во наредните две години ќе можат да искористат донација од околу милион евра преку ИПА-програмата на Европската унија за консултантски услуги за да ги подобрат нивните перформанси и да станат поконкурентни на пазарот.
Тоа ќе го овозможи проектот "Имплементација на БАС-програмата" финансиран од ЕУ, а наменет за поддршка на македонските приватни претпријатија со домашен капитал со најмногу 250 вработени од сите сектори со исклучок на банкарството, финансиските услуги, наменското воено производство, игри на среќа и тутунската индустрија.
Проектот предвидува до март 2013 година да се финансираат 96 советодавни проекти што ќе ги спроведат локални консултанти со микро, мали и средни претпријатија, како и да организира дополнителни активности за развој на пазарот.
- Имавме прилика да презентираме еден нов проект за поддршка на бизнисот во РМ со средства од ИПА-фондовите на ЕУ заедно со ЕБОР во износ од околу милион евра. Целта на проектот е поддршка на советодавни услуги за мали и средни претпријатија од локални советодавни компании - изјави министерот за економија Фатмир Бесими по презентацијата на проектот. Тој нагласи дека советодавни услуги ќе можат да се дадат во три области - жената во бизнисот, енергетска ефикасност и екологија.
Според Бесими, станува збор за давање советодавни услуги за еден сектор кој е значаен за македонската економија што создава значаен дел од БДП и во кој се вработени над 80 отсто од вработените.
БАС-програмата е присутна во Македонија од 2002 година и досега преку неа се поддржани 487 проекти со преку 4,3 милиони евра. Дури 34 отсто од поддржаните проекти покажале исклучителна успешност, а 96 отсто од нив се оценети како задоволителни.